Зеленчукот (освен црвениот домат) исечете го на тенки долгунести парчиња и ставете го во тава за печење. Посолете го, попрскајте го со масло, измешајте го и ставете го да се потпечи во загреана рерна на 200 степени околу 20-на минути малку да омекни. На половина од печењето повторно измешајте го.
Печениот зеленчук оставете го малку да олади.
Во сад ставете ги јајцата, малку сол и со вилушка изматете ги. Додајте ја моцарелата или кашкавалот исечкани на мали коцки и зеленчукот. Измешајте ја смесата.
Истурете ја во тава бр.26 обложена со хартија или намачкана со масло и посипана со презла. Одозгора наредете го црвениот домат исечен на кругови.
Ставете ја да се запече во загреаната рерна околу 15-20 мин додека јајцата се зацврстат.
Фритатата оставете ја малку да олади, потоа послужете ја со свежа салата, сиренце, јогурт и сл.
Од оваа количина на состојки не излегува баш многу да се најадат повеќе лица, затоа ако треба ќе си зголемите. Кај мене беше доволна за 3-ца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани