Фереро торта
За мене една од најубавите чоко-нутела торти.
1. Белките се матат со шеќерот и прстофат сол додека да се добие цврст шам и да се стопи шеќерот.
2. На страна се мешаат лешниците, брашното, ренданото чоколадо и внимателно се додаваат во белките.
3. Од смесата во плех на хартија за печење се печат 5 округли кори со димензија 20 см. Испечените кори се оставаат да се оладат на хартијата, а потоа внимателно се одлепуваат, се филуваат и редат една врз друга.
4. За филот со миксер се мати маскарпонето и нутелата додека да се добие кремаста смеса.
5. Се додава растопеното чоколадо, изматената слатка павлака, сецканите лешници, ситно сецканите наполитанки.
6. Со овој фил се филуваат корите и се премачкува целата торта.
7. Од страната се украсува со сецкани наполитанки, а се прелива со ганаш или по желба,
*лешниците кои ќе ги користите во корите и филот пред да ги мелете/сецкате потпечете ги на нелеплива тава за тортата да има поубав вкус.
*шољата е од 240 мл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови