Фантастични меки кифли со козјо млеко и маст
Денес допрев до чисто козјо млеко, па се одлучив да направам кифли, од кои моите најмили беа воодушевени.
Но вие ако сакате козјото млеко може да го замените со кравјо млеко.
Кифлите се меки и вкусни.
Најпрво загрејте 100 мл млеко, додадете 1 лажица шеќер и малку брашно, па квасецот.
Оставете го да втаса, а потоа додадете ги во вангличката сите состојки и замесете средно тесто.
Нека кисни 15-20 минути, повторно размесете и нека кисни уште 15 минути.
Тестото се дели на 5 топки и се прават форми по желба.
Јас се одлучив за 3 форми.
Изборот е ваш.
Се редат во плех и со четка се премачкуваат со растопената свинска маст.
Се наросуваат со сусам, ким, крупна сол и се печат.
Фали сиренце, јогуртче ........може да се комбинираат со сезонска салата...
Лиценца: Сите права се задржани