Во недостаток на време се одлучив за оваа брза варијанта за спремање пирошки и експериментот успешен.
Мислам и во иднина на овој начин ќе ги подготвувам.
Добро де, пола работа ми ја заврши сецкото на Делимано, пола јас.

Во сецкото на Делимано се сецкаат кашкавалот, шунката и печурките.
Во вангличка се ставаат квасецот, млекото и шеќерот да одстојат 10 минути.
Потоа во вангличката се додаваат сите останати сосотојки.
Значи се замесува тесто со се заедно.
По потреба се додава брашно.
Се остава тестото 15 минути да кисни.
Потоа на набрашнета маса се сече на 25 парчиња.
Со набрашнети раце се формираат пирошки.
Се валкаат во изматена белка па презла со сусам.
Се редат на послужавник и после 10 минути се пржат на умерен оган.
Се редат на хартиени салфети.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани