Испечати

Фантастични меки кифли со козјо млеко и маст

Фантастични меки кифли со козјо млеко и маст

Состојки

  • 500 мл козјо млеко-варено
  • 1 лажица (супена полна) свинска маст
  • 1 жолчка
  • 1 квасец
  • 4 лажици шеќер
  • 2лажици сол
  • 1000-1100гр брашно
  • 50 гр растопена маст, сусам, крупна сол, ким

Подготовка

Денес допрев до чисто козјо млеко, па се одлучив да направам кифли, од кои моите најмили беа воодушевени.
Но вие ако сакате козјото млеко може да го замените со кравјо млеко.
Кифлите се меки и вкусни.

Најпрво загрејте 100 мл млеко, додадете 1 лажица шеќер и малку брашно, па квасецот.
Оставете го да втаса, а потоа додадете ги во вангличката сите состојки и замесете средно тесто.
Нека кисни 15-20 минути, повторно размесете и нека кисни уште 15 минути.
Тестото се дели на 5 топки и се прават форми по желба.
Јас се одлучив за 3 форми.
Изборот е ваш.
Се редат во плех и со четка се премачкуваат со растопената свинска маст.
Се наросуваат со сусам, ким, крупна сол и се печат.
Фали сиренце, јогуртче ........може да се комбинираат со сезонска салата...