Урма кекс (посно)
За оние кои сакаат урми, но и за вљубениците на вкусен посен десерт го поставувам токму овај рецепт... Мошне едноставна постапка.
Во сад се мешаат сите течни состојки кои се погоре наведени во нив се ставаат сувите состојки (без оревите и урмите) на крај содата и печивото. Се меша убаво со пластична лажица да се изедначи смесата. Се става во тркалезен калап бр.30 над хартија за печење(доколку не се става хартија обавезно се премачкува со масло и брашно-на начинот од нашите баби) на крај се ставаат урмите најгоре и оревите.
Се печи во загреана рерна на 200.Ладна се сечи по избор,за дополнителна блажинка додавајте шеќер во прав .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови