Подготовка:

1. Изреднајте го кромидот, а лукот испресувајте го и додадете ги состојките за ќофте, па се заедно измесете убаво. Ставете ја смесата во фрижидер, околу половина час. Потоа обликувајте мини топчиња (ќофтенца) и извалкајте ги во отприлика 1 лажица брашно, кое сте го ставиле во некој згоден сад.

2. Компирите и морковите исечкајте ги на коцки и запржете ги на путерот со маслото во тенџере во кое ќе го спремате ќофтето. Откако ќе омекнат, додадете ја водата и откако ќе зоврие варете ги до степен „ал денте“ па потоа додадете ги и ќофтенцата.

3. Откако ќе се свари се, во еден длабок сад компактно измешајте ги состојките за заливката, па со мешање во нив додадете 2 кутлачи од варивото и на крај истурете во тенџерето. Варете на тивко неколку минути откако ќе зоврие, па додадете го ловорот, посолете и на крај додадете го нането запржено претходно на путерот.

*Би требало да излезе малку поводеста отколку на сликата. Јас ја оставив густа бидејќи ни беше најавата за сркање без леб. Значи, густината регулирајте ја со водата или евентуално сведете го брашното на 1 лажица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови