Турски погачици
Ставете го квасецот со шеќерот и 1 лажиче брашно во млакото млеко и оставете да се активира. За тоа време изгмечете го сирењето со вилушка и измешајте го со жолчката.
Во сад за месење скршете ги јајцата, додадете го активираниот квасец со млекото, омекнатиот маргарин и солта, па со брашното замесете глатко тесто.
Оставете да се дуплира. Потоа премесете го и оставете го повторно да се дуплира. Поделете го на мали топчиња.
Секое топче развлечете го овално со помош на сукалка врз набрашнетата работна маса. Исечете го по должина вертикално, премачкајте со фил и сролајте го дијагонално, накосо.
Вака зароланото тесто потоа завиткајте го во вид на полжав, како за мазник.
Погачиците премачкајте ги со белка и наросете ги со сусам. Печете ги на 200 степени околу 20 мин.
Лиценца: Сите права се задржани
Пестопаста поарно со турски рецепти да се заразимме отколку со турски серии-не убија во поим секоја вечер (кај нас дома се забранети. им претплатив ХБО и гледаат смо филмчиња :) )
Бубе, чаршафот од маса и еден стегач беше гардеробата за месење :) Се зезам... искрено, толку многу сум љубител на престилки и имам цела мала колекција, ама скоро никогаш не ми текнало кога ќе треба ,да ги искористам за вистинската намена :)
Лили, ме изненадуваш :)