Ставете го квасецот со шеќерот и 1 лажиче брашно во млакото млеко и оставете да се активира. За тоа време изгмечете го сирењето со вилушка и измешајте го со жолчката.

Во сад за месење скршете ги јајцата, додадете го активираниот квасец со млекото, омекнатиот маргарин и солта, па со брашното замесете глатко тесто.

Оставете да се дуплира. Потоа премесете го и оставете го повторно да се дуплира. Поделете го на мали топчиња.

Секое топче развлечете го овално со помош на сукалка врз набрашнетата работна маса. Исечете го по должина вертикално, премачкајте со фил и сролајте го дијагонално, накосо.

Вака зароланото тесто потоа завиткајте го во вид на полжав, како за мазник.

Погачиците премачкајте ги со белка и наросете ги со сусам. Печете ги на 200 степени околу 20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани