3 и пол години членство на овој сајт, толку време инспирација и активна посветеност во кујната, за финално откако ќе се зготви да се напиши, слика што подобро и претстави. Во толку време, створени одлични пријателства со прекрасни членки кои го делат истиот интерес, па и хоби нека е кога ќе се погледне севкупниот приказ (во домаќинлукот не се мешам хехе). Заразата, навиката за дружење, да се направи нешто ново, вкусно и добро да се презентира и после толку време се уште не стивнала. Гледам и не можам да си верувам, како ли сум успеала да спремам толку рецепти? Не ни помислував... но, оговорот е тука, во текстот погоре.

Ајде да се вратам на тоа за што и сме сите овде, денес, за мене мојот 500ти рецепт.

На почеток да спомнам дека напрвив измена во составот на основата, така што ставив интегрални чоколадирани кекси со вкус на портокал 200 гр наместо мелени бисквити и ги додадов во нив останатите состојки. Но, смесата испадна мека, па поради тоа, додадов плус 100 гр мелени бисквити.

Се мешаат најрво сувите состојки, а во сад на оган се топи чоколадото со маргаринот, кој потоа, така стопени се додаваат во нив и плус сокот од портокал. Од добиената смеса се обликува валјак со должина од околу 30на см и се остава да се стегни.

Густинот се раствора со дел од млекото, а остатокот со шеќерот се става на оган да се загрее. Се додава густинот и се вари густ крем. Кремот се остава да излади, па потоа во него се миксира предходно изматениот маргарин.
Во 2/3 од смесата се додава и миксира црното чоколадо, предходно стопено на водена бања, а во 1/3 белото чоколадо.

Подлогата најпрво се премачкува со тенок слој од белиот фил. Потоа исто така тенко се премачкува со црниот.
Пишкотите се намакуваат во млеко во кое е рестворен екстракт од портокал. Тие сега се редат врз црниот фил. По рецептот потребни се за првиот ред по 5 пишкоти во ширина, но како прв пат ја правев и стравував дали ќе добијам добар пресек, јас ставив по 4.
Празнините се пополнуваат со црниот фил, кој тенко треба да ги премачка и пишкотите одозгора.
Потоа постапкава се повторува. Се премачкува тенко белиот фил, па тенко врз него од црниот фил и се редат пишкоти овој пат помеѓу местата каде се наредени првите и доаѓа плус уште еден ред. Помеѓу нив и одозгора се премачкува со останатиот фил.

За филовањето на оваа торта треба прецизно распоредување на филовите и теннко премачкување, бидејќи филот е „кнап“ во количина. Како не бев задоволна од солидното прекривање и порамнување на тортата, искористив инстант крем пудинг од чоколадо, кој воопшто не отскoнуваше ни на око, ни по состав. Значи, тортата е премачкана и дотерана најгоре со чоко пудингот.

Одозгора можи да се украси со кокос, во овој случај, бадемови ливчиња, трошки... што и да е по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови