Предлог за вкусен и брз десерт.
Излегуваат и многу парчиња.
Смесата е точно за поооолн калап, триаголник.
Но може да се стави и во правоаголно плехче и да се сечат штангли.

Во касерола на многу тивок оган ги соединуваме путерот, шеќерот, нутелата, чоколадото, млекото.
Од кога смесата е изедначена ја тргаме од оган.
Додаваме мелени бисквити, јас оставив 3-4 парчиња и ги искршив и зели зрна потпечени кикирики.
Убаво ги соединуваме сите состојки.
Смесата ја ставаме во триаголен калап кој е обложен со прозирна фолија.
оставаме на ладно 2 часа.
Потоа го вадиме триаголникот од калапот, го прелеваме со подготвената глазура.
Сечеме на парчиња и послужуваме.
Кикириките ги печев во Апаратот за готвење со топол воздух, 5,6 минути

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани