Одделете ги белките и жолчките.
Белките со прстофат сол пенесто изматете ги.
Жолчките матете ги со шеќерот и ванилата да се добие пенета смеса. Потоа додадете го стопениот изладен путер и продолжете со матењето убаво да се соедини.
Додадете ги изматените белки и брашното измешано со пецивото и со жица убаво измешајте ја смесата.
Турете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех (39х22) и печите 15 мин. на 180 С.
Оладениот пандишпан исечете го на 8 квадрати.
Два квадрати намачкајте ги со нутела, а два со мармалад по желба и поклопете ги со останатите.
Секој квадрат исечете го косо за да добиете триаголник. Украсете ги со 5 коцки чоколада за готвење стопена на пареа со половина лажица масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани