Триаголници од кори со урда со пиперки
Низ градов има пекари во кои се продава бурек и пита со урда со пиперки, благи и лути. Мојот сопруг е воодушевен од ова јадење, па се потрудив во домашни услови да му правам бурек со ваков фил, а еве сега и питички во форма на триаголници.
Подготовка
1. Сите состојки за премачкување со маталка се размешуваат во еден сад.
2. Се реди една кора, се премачкува со течноста за премачкување со помош на силиконска четка и се преклопува кората од едната и другата страна до средина.
3. На сувите места кога ќе се преклопи пак се премачкува, па се преклопува да добие форма на долг правоаголник. Можете преклопувањето на кората да ви е со три преклопа, а може и со четири. Така ќе имате поголем и помал триаголник, ваш е изборот.
4. На почетокот се става една лажичка од урдата. Се започнува со формирањето триаголник. Ги премачкуваме триаголниците со разматено јајце и ги посипуваме со сусам.
Забелешка
Инаку урдата со пиперки беше специјално ставена за да можеме да подготвуваме вакви слични рецепти.
Лиценца: Сите права се задржани