Рецептот за ајвар е пренесуван со генерации, со тек на време претрпувал измени, додатоци најмногу поради личен вкус и економски причини. Овој денешен кој јас ви го изнесувам тука го правеле во нашата куќа долги години пред мене, ништо не променив продолжив со традицијата.

Пиперките со убава црвена боја се мијат и бришат со крпа. Се печат и се затвораат малку да остинат па се лупат и чистат од лушпи и семки. На машина за мелење се мелат низ сито и се ставаат во сад за зимнца над оган.Самостојно така се пржат еден и пол саат без масло на умерена температура, се додава маслото литар и осумстотини гр. и се меша постојано се до крај уште саат и пол (пржењето може да варира во минимали граници зависно од влажноста на пиперките).
Пред да се извади од оган се ставаат полни лажиците сол, се остава колку да се истопи солта и се бери жежок во врели тегли,  а огозгора се полева со 2-3 лажици врело масло. Го употребуваме она од вториот литар т.е. преостанатите 200мл.завиени теглите во платно илибило што да користите се ладат до наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови