Еден поинаков рецепт за подготовка на тортиљи...

Подготовка
1. Тортиљите ги редиме во намрсена тава, свиткани за да можеме да го ставиме меленото месо во нив.
2. Меленото месо го запржуваме заедно со кромидот на масло. Кон крајот на пржењето ги додаваме зачините и доматниот сос. Соединуваме и кратко запржуваме колку да подиспари течноста од сосот.
3. Меленото месо го ставаме во тортиљите.
4. Обилно рендаме кашкавал и го ставаме врз месото.
5. Во загреана рерна на 200 степени ја ставаме тавата да се потпечат тортиљирте и да се растопи кашкавалот, (околу 10-15 минути).
6. Откако ќе се запечат ги вадиме од рерна и краевите што се гледаат ги премачкуваме со соединетите кајмак и кисела павлака.
7. Врз кашкавалот на секоја тортиља редиме коцки сечкан домат и краставичка.
8. Наросуваме со оригано и ги сервираме.

Забелешка
За овој рецепт подобри се помали тортиљи, моите беа поголеми, а може и сами да си ги подготвите.По вкус можете да си додадете и повеќе кашкавал, а во меленото месо можете да си додадете пченка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани