Подготовка на пандишпанот.
1. Одделете ги белките од жолчките. Белките пенесто изматете ги со шеќерот, додајте ги жолчките една по една да се добие убаво изедначена смеса.
2. Додадете ги брашното и пецивото и измешајте ги со жица или лажица.
3. На плех обложен со хартија ставајте од смесата по една полна лажица оставајќи доволно место за да не се залепат при печењето.
4. Се печат во загреана рерна на 200 степени 5-7 минути.

Подготовка на филот.
1. Пудингот растворете го со малку млеко и половина од шеќерот, останатиот шеќер и млеко ставете ги на оган да зовриат.
2. Потоа ставете го пудингот и мешајте го на тивки оган да се сгусти. Оставете го да олади покриен (да не фати кора).
3. Маргаринот изматете го, додадете го пудингот и мешајте додека не се добие изедначена смеса.
4. Ставете ја смесата во шприц за тулумби и ставајте фил меѓу две тортички и на нив.

ОД ОВАА СМЕСА ИЗЛЕГУВААТ 12 ТОРТИЧКИ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани