23
сеп
2014
Тортици од палента
1. Путерот стопете го и оставете го да олади.
2. Во сад измешајте ги палентата, брашното, бисквитите и пецивото.
3. Мал плех (20х35) намачкајте го со путер и посипете го со брашно.
4. Рерната вклучете ја на 180 степени.
5. Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата да постанат кремасти.
6. Додајте ги млекото и путерот и измешајте. На крај додајте ги измешаните брашна и со мала брзина измешајте да се изедначат.
7. Смесата истурете ја во плехот, подрамнете ја и одозгора наредете ги чоколадните капки.
8. Ставете ја да се пече околу 25 - 30 мин.
9. Печениот колач оставете го да олади. Потоа посипете го со шеќер во прав, исечете го на правоаголници и послужете го.
Лиценца: Сите права се задржани