Торта тирамису
Најпрво избиете ги белките со шеќерот и полека матејќи ставете ги жолчките една по една. Додајте го стопениот путер и сувите состојки полека мешајќи. Смесата печете ја во плех покриен со хартија на 180 степени.
За филот
Сварете го пудингот во млекото со шеќерот и кога ќе се олади измешајте го со избиениот путер. Потоа додајте ја избиената слатка павлака.
Сварете го кафето со 2-3 лажичиња шеќер.
Кексот поделете го на два дела по должина. На тањир ставете го едниот дел, прелијте го со неколку лажици од кафето па ставете 1/3 од филот. Пишкотите само малку макнете ги во кафето и наредете ги врз филот во три реда по 4. Над нив ставете ја и другата третина од филот. Над сето тоа ставете ја и другата половина од кексот и пак прелијте ја со неколку лажици од кафето со рум. премачкајте ја тортата со преостанатиот фил и одозгора наросете ја со какао. Среќни празници!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови