Делимано Роденденска Тирамису Торта (без печење)
Среќен роденден Делимано, уште многуууу години да се дружиме во кујна и секоја наредна побогати со уште многу практични апарати за во домаќинството. За овој јубилеен 10-ти роденден од се срце ви ја подготвив прекрасната Тирамису Торта, се надевам дека ќе ви се допадне и вас (визуелно), исто толку колку што ни се допадна на нас.
Подготовката е на следниот начин
1. Најпрво го матиме пудингот со 250мл. ладно млеко. Посебно ја матиме слатката павлака, па ги соединуваме двата дела - тоа е филот, кој го делиме на 2 дела.
2. Потоа ги потопуваме пишкотите во млекото, во кое претходно сме раствориле нескафе, па додаваме и екстрат од рум.
3. Ги редиме првиот ред пишкоти, ставаме со помош на шприц од филот, редиме втор ред пишкоти, па ја ставаме втората половина од филот (од кој тргаме мал дел од него) врз пишкотите.....истотака со помош на шприц, потоа наросуваме несквик (или какао), па помеѓу пишкотите го ставаме малиот дел од филот со помош на помал додаток на шприцот.
Забелешка - на паковањето на пудингот е наведено да се измати со 300мл млеко, меѓутоа за оваа торта потребно е да се измати со 250мл млеко. Секако, ако сакате можете да употребите и класичен пудинг што се вари, кој треба изладен да го соедините со слатката павлака.
За крај уживајте во оваа превкусна кремаста торта, која е брза за подготовка (без печење), а уште побрза за јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови