Тесто
Се матат 10 белки со 10 лажици шеќер, се додава 8 лажици мелен орев и 4 лажици брашно.
Од оваа смеса се печат 2 правоаголни кори или цела смеса се истура во поголем плех и испечена се сечи на половина по должина.

Фил жолт
Над пареа се матат 10 жолчки со 8 лажици шеќер, да се згуснат. Се ладат и се додава 150 гр изматен маргарин и 100 гр мелени ореви.

Црн фил
Во тенџере на оган се налева 600 мл млеко, се додаваат 6 лажици шеќер и 2 пудинзи со вкус на чоколадо. Се вари да се згусни. Се додава додека е млако и 100 гр црно чоколадо.
На страна се мати еден крем фил (или може 2 шлага со вкус на чоколадо) и се соединува со пудингот.

Начин на редење
Се става едната кора на послужавник и се премачкува со жолтиот фил.
Врз жолтиот фил се нанесува од црниот фил.
Врз црниот фил по должина во 4 реда се редат по 2 големи целуфки.
Целуфките се прекриваат со остатокот од црн фил.
Се става втората кора врз тоа, и таа се премачкува со остатокот од жолт фил.
Се матат 2 бели шлага со 200 мл млеко, се украсува тортата од страните и во средината се става 100 гр растопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани