1. Состојките за тесто ги матиме со миксер или во мултипрактик. Кога ќе се соединат на најлонска фолија го ставаме тестото и истото го сместуваме во фрижидер на 30 минути.
2. Лиметата ја цедиме (1-2 лажици тргаме во друг сад), ја рендаме кората и го додаваме шеќерот (1 лажица ставаме во другиот сад). Ставаме на оган да се загрее и стопи шеќерот. Во другиот сад додаваме жолчки и густин. Фино промешуваме да нема грутки. Потоа ги соединуваме смесите и ги ставаме на оган да проврие и да се згусне. Кога ќе се згусне смесата, ја тргаме од оган и додаваме путер, мешаме додека да се растопи. Ставаме врз чинијата најлонска фолија и оставаме добро да се излади.
3. Јаболката ги лупиме и ги сечкаме на коцки. Ставаме шеќер во нив и ги промешуваме.
4. Тестото го развлекуваме со оклагија, со тоа што обилно ставаме брашно, под и врз него. Го ставаме во тавче во кое ќе го печеме, ама да не е премногу високо и премачкано со путер. Притиснете го тестото по ѕидовите на тавчето. На дното избоцкајте го со вилушка. Јаболката распоредете ги насекаде врз тестото.Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
5. За пуслицата изматете ги белките прво па додавајте постепено шеќер во нив. Матете додека да добиете цврст снег кој кога ќе се преврти садот во кој сме го мателе не паѓа од него.
6. Ставете ја изладената торта на послужавник. Нанесете го кремот од лиметата, па одозгора ставете го кремот за пуслици. Со прсти или лажица направете врвови. Со помош на рачен бренер на плин подгорувајте ја пуслицата, нежно поминувајќи со огинот по неа.

Забелешка
Пуслицата можете да ја ставите и во загреана рерна на 220 степени околу 5 минути. Ќе се стегне и ќе ја добие убавата боја. Но за овој начин не ви го препорачувам филот со жолчки туку направете го овој фил,во 250 мл загреано млеко ставаме пудинг од ванила измешан со цедена лимета и кора од лимета и шеќер 5 лажици. Врие додека да згусне. Можете и путер да додадете заради вкус.
Овој крем е поубав затоашто нема да ви се растопи во рерната.
Доколку сакате повеќе да има пуслица на тортата, ќе биде повисока, ставете 6 белки и 250 гр шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани