11
апр
2020
Торта со малини, наполитанки и бисквити (без печење)
Бисквити и наполитанки здробете ги со рака, додајте млеко и стопен путер. Се промешајте и ставете во формата за торта. Ставете го во фрижидер.
За фил
Половина од млекото ставете да зоврие, во останато млеко ставете густин, шеќер, ванила промешајте и истурете во врело млеко мешајте додека не загусне.
Оставете да истине. Маргарин изматете со фил. Ставете врз подлога внатре ставете малини. Оставете во фрижидер да се стегне.
Торта прелијте со прелив за торти и украсете со шлаг. Одозгора јас украсив со бисквити, наполитанки и малини.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани