За првата кора, се матат белките со прстофат сол и постепено додавање на шеќерот во цврст снег. Се додаваат заедно помешани лешниците, урмите, брашното и пецивото, вмешувајќи ги со лажица или матејќи со миксер на најслаба брзина, притоа водејќи сметка да не се изгуби волуменот на шамот.Се излеваат во плех намрсен со маргарин и посипан со брашно.Се пече во загреана рерна и тоа 25-30 или 35 мин. на 180 Ц.степени, зависно од вашата рерна...

За втората кора, се двојат белките од жолчките. Се матат прво белките со постепено додавање на шеќерот, па на жолчките, една по една, па врелата вода- лажица по лажица и на крај преостанатите состојки, заедно помешани, притоа матејќи со најслаба брзина.Се излева смесата во истиот плех, само сега намрсен со масло и побрашнет.Се пече 30 мин. на 180Ц. степени., во претходно загреана рерна на 200 степени, 5 мин..

Филот се подготвува на тој начин што се одделува околу 250мл. од млекото за растворање на пудинзите и нишестето, а остатокот се зоврива со двата вида на шеќер.Посебно се матат жолчките и се додаваат во садот со разматените пудинзи. Сето тоа убаво се меша и се додава во зовриеното млеко, со постојано мешање.Се вари кремот на умерен оган, додека ја добие потребната густина.Се трга од оган и се остава да излади.Добро се изработува маргаринот со шеќерот во прав и му се додава од млакиот крем. Убаво се соединува и изедначува филот.На готовиот фил му се додава кршената Плазма и сецканото чоколадо.

Се мати и слатката павлака.

Потоа се оформува патиката, со комбинирање на пандишпаните и филовање помеѓу нив.Целата се премачкува со танок слој на фил и се обложува со фондан...

Се надевам ќе ви се допадне оваа спортска торта, која ја направив за минатиот роденден на мојот помал син....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани