Прво подгответе го кремот за да се олади додека го спремате пандишпанот.

Жолчките помешајте ги со шеќерот, брашното и малку од млекото. Останатото млеко ставете го на оган да зоврие и со смесата од жолчки сварете крем. Покријте го кремот со пластична фолија која ќе го допира за да не се фати коричка.
Откако ќе се излади, изматете го путерот со шеќерот во прав и додадете го кремот. Одвојте 1/3 од изматениот крем и додадете ги оревите попарени со млекото. Во останатите 2/3 додадете го истопеното чоколадо.

За пандишпанот изматете ги белките со шеќерот во густ снег. Брашното измешајте го оревите и лесно со шпатула измешајте го со белките. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути во голем плех обложен со хартија за печење. Печениот пандишпан оставете го да се излади (не му треба многу) и поделете го на три ленти.

Шлаг кремот изматете го со млекото и може да почнете со филување.
Првата лента пандишпан исфилувајте ја со малку помалку од 1/2 од чоколадниот фил, па потоа ставете 1/2 од шлаг кремот. Следува пандишпан, крема од ореви, 1/2 шлаг крем, пандишпан. На крај целата торта премачкајте ја со останатиот чоколаден крем.
Украсете ја по желба. Јас не користев ниту шлаг пена, ни ганаж... Само бело чоколадо и чоколадни топчиња.

Пријатен апетит!

Тортата е многу кремаста, сочна и вкусна. Името го превзедов од оригиналниот рецепт, кој го преработив така како мене ми одговараше.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани