Торта Марија
КОРА 1-2
Во сад се растопува 100 гр маргарин со 100 гр чоколадо, посебно се матат 5 јајца потоа се додава растопеното чоколадо со маргарин и во смесата се додава 100 гр мелени ореви и 2 супени лажици брашно и се се меша се пече на 200 степени додека да почне да се одвојува од тавчето. На истиот начин се подготвува и кора 2 од преостанатиот материјал
КОРА 3
5 белки се матат со 150 гр шеќер во цврст шам потоа се додаваат брашното и оревите се се меша и се става на подмачкано тавче да се пече додека порумени
ФИЛ 1 - се матат жолчките со шеќерот и се варат на пареа и се додава водата и чоколадото и се меша додека згусне, кога ќе се излади се става маргаринот и се убаво се мати
ФИЛ 2- Во тенџере се растопува шеќерот со мелкото потоа се додаваат оревите и се трга од оган да се излади, во изладената смеса се додава маргаринот и се мати убаво
Тортата се филува по следнито редослед кора 1, фил 1, кора 3, фил 2, кора 2
Се декорира по желба. Јас ја премачкав со изматени белки со шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
.