Торта Магичен момент
Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата ќе згусти додадете ги лешниците или бадемите, брашното и зејтинот и внимателно измешајте со шпатула. Калап со пречник од 26цм. намастете го и на дното ставете хартија за печење. Ставете ја смесата за бисквит во него и печете 12 минути на 200 степени во претходно загреана рерна. Направете проверка со чепкалка за да видите дали е тестото печено. Истава постапка повторете ја уште два пати, потребни ви се вкупно три бисквити за тортата.
Подготовка на жолтиот фил
Шеќерот и водата ставете ги да се варат во тенџере. Откако ќе зоврие малку намалете ја температурата (кај мене на 7 од 9) и оставете да врие уште 5 минути. Во тој момент кога шербетот ќе почне да врие, започнете со матење на жолчките. Се матат 5 минути па им се додава постепено врелиот шербет. Матете додека филот да олади. На страна изматете го омекнатиот путер со шеќерот во прав па во него додадете го филот од жолчки. Се заедно убаво изматете.
Подготовка на овошен фил
Јагодите и малините (замрзнати) ставете ги заедно со шеќерот да се варат. Штом пуштат сок, извадете на страна од него 3-4 лажици. Варете го овошјето 10-тина минути, повремено промешувајте. На желатинот додадете му 4 лажици ладна вода и оставете да набабри. Густинот растворете го во овошниот сок и додадете во овошјето, продолжете со варење уште 1-2 минути. Тргнете на страна, ставете го набабрениот желатин и убаво измешајте со жица за матење. Оставете 5-10 минути малку да олади филот.
Филување на тортата
На тањир за торта ставете го едниот бисквит и наместете го обрачот за торти. Врз бисквитот распоредете половина од овошниот фил, ставете 10-тина минути во фрижидер.
Врз овошниот фил распоредете половина од филот со жолчки. Ставете го вториот бисквит и повторете ја постапката со филовите. Завршувате со третиот бисквит одозгора. Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер убаво да се стегне па украсете ја по желба. Кај мене е украсена со шлаг пена во која ставив малку црвена боја.
МР имаше технички проблеми па така многу рецепти ги снема од странава. Како што гледам, и дел од рецептов е избришан, т.е. дел од состојките. Затоа, повели целосниот рецепт за тортава:
Состојки
Бисквит (потребни се вкупно три)
4 белки
4 лажици шеќер
6 лажици мелени лешници (или бадеми)
1 лажица брашно
1 лажица зејтин
Жолт фил
160гр. шеќер
100мл. вода
12 жолчки
250гр. путер
200гр. шеќер во прав
Овошен фил
200гр. замрзнати малини
200гр. замрзнати јагоди
100гр. шеќер
1 кесичка мелен желатин
1 лажица густин
Украсување
3 кесички шлаг пена + млеко според упатството за подготовка
по желба црвена прехрамбена боја
Подготовка на бисквитите
Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата ќе згусти додадете ги лешниците или бадемите, брашното и зејтинот и внимателно измешајте со шпатула. Калап со пречник од 26цм. намастете го и на дното ставете хартија за печење. Ставете ја смесата за бисквит во него и печете 12 минути на 200 степени во претходно загреана рерна. Направете проверка со чепкалка за да видите дали е тестото печено. Истава постапка повторете ја уште два пати, потребни ви се вкупно три бисквити за тортата.
Подготовка на жолтиот фил
Шеќерот и водата ставете ги да се варат во тенџере. Откако ќе зоврие малку намалете ја температурата (кај мене на 7 од 9) и оставете да врие уште 5 минути. Во тој момент кога шербетот ќе почне да врие, започнете со матење на жолчките. Се матат 5 минути па им се додава постепено врелиот шербет. Матете додека филот да олади. На страна изматете го омекнатиот путер со шеќерот во прав па во него додадете го филот од жолчки. Се заедно убаво изматете.
Подготовка на овошен фил
Јагодите и малините (замрзнати) ставете ги заедно со шеќерот да се варат. Штом пуштат сок, извадете на страна од него 3-4 лажици. Варете го овошјето 10-тина минути, повремено промешувајте. На желатинот додадете му 4 лажици ладна вода и оставете да набабри. Густинот растворете го во овошниот сок и додадете во овошјето, продолжете со варење уште 1-2 минути. Тргнете на страна, ставете го набабрениот желатин и убаво измешајте со жица за матење. Оставете 5-10 минути малку да олади филот.
Филување на тортата
На тањир за торта ставете го едниот бисквит и наместете го обрачот за торти. Врз бисквитот распоредете половина од овошниот фил, ставете 10-тина минути во фрижидер.
Врз овошниот фил распоредете половина од филот со жолчки. Ставете го вториот бисквит и повторете ја постапката со филовите. Завршувате со третиот бисквит одозгора. Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер убаво да се стегне па украсете ја по желба. Кај мене е украсена со шлаг пена во која ставив малку црвена боја.
Сигурно тоа се рецептите што ги враќате назад по профилите.
Бети, извини што го искористив постов да пишам забелешка.