Фичо денес ќе ви подготви торта по рецептот на една од нашите членки готвачи, Клара Бос. За овој рецепт не ви е потребен миксер, само жица за матење!

Подготовка

Чекор 1: Во тавата на рингла ставете го шеќерот да се растопи и зарумени, па додадете ги маргаринот и слатката павлака.

Чекор 2: Во друг сад измешајте ги брашното, какаото, содата и прашакот за пециво. Во трет сад изматете ги јајцата со слатката павлака. Постепено додадете ги сувите состојки, а потоа и смесата од шеќер. На крај додадете ги кората и сокот од портокал. Мешајте додека сосема не се соедини.

Чекор 3: Печете 20 минути во загреана рерна на 190 степени.

Чекор 4: Додека се пече колачот, на пареа ставете да се топи смесата за глазурата.

Чекор 5: Испечениот колач прелејте го со глазурата и откако ќе се олади, декорирајте со рендано бело чоколадо.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Колачот може да го декорирате со парчиња портокал, или карамелизирани кори од портокал.