- Измелете ги бисквитите и спојте со истопениот путер да добиете убава смеса со која ќе можете да го постелете дното од модлата бр.33х22см.која ќе ја постелете со хартија за печење. Врз вака формираната кора од бисквите рамномерно посипете го кокосот, врз него крупно сецканите ореви, врз нив мешавината од чоколадните капки. Залијте со кондензоираното млеко и ставете во загреана рерна на 175 да се потпече колку да се спојат состојките. Немојте да препечете, секој знае како пече неговата рерна и внимавајте, јас печев околу 20 мин., ништо повеќе. Извадете да се олади, да добро и сечете на коцки во големина која си ја сакате вие, но пожелно да се помали.
Напомена
- Кога се случува да немам доволна количина на чоколадни капки, додавам рендано чоколадо за готвење.
-Мерката чаша од 235 мл. се однесува и за чоколадните капки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани