Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата ќе згусти додадете ги бадемите или лешниците, брашното и зејтинот и внимателно измешајте со шпатула.
Калап со пречник од 26см намастете го и на дното ставете хатрија за печење. Ставете ја смесата за бисквит во него и печете на 200 степени 12 минути во претходно загреана рерна. Направете проверка со чепкалка за да видите дали е тестото готово.
Истава постапка повторете ја уште два пати, потребни ви се вкупно три бисквити за тортата.

Подготовка на жолт фил
Шеќерот и водата ставете ги да се варат во тенџере. Откако ќе зоврие малку намалете ја температурата (кај мене на 7/9) и оставете да врие уште 5 минути. Во тој момент кога шербетот ќе почне да врие, започнете со матење на жолчките. Се матат 5 минути па им се додава постепено врелиот шербет. Матете додека филот да олади. На страна изматете го путерот пенасто заедно со шеќерот во прав, па во него додадете го филот од жолчки. Се заедно убаво изматете.

Подготовка на овошен фил
Јагодите и малините ставете ги заедно со шеќерот да се варат. Штом пуштат сок, извадете на страна од него 3-4 лажици. Варете го овошјето 10-тина минути, повремено промешувајте. На желатионот додадете му 4 лажици ладна вода и оставете да набабри. Густинот растворете го во овошниот сок и додадете во овошјете, продолжете со варење уште 1-2 минути. Тргнете на страна, ставете го набабрениот желатин и убаво измешајте со жица за матење. Оставете 5-10 мин малку да олади филот.

Филување на тортата
На тањир за торта ставете го едниот бисквит, и наместете го обрачот за торти. Врз бисквитот распоредете половина од овошниот фил, ставете 10-тина минути во фрижидер. Врз овошниот фил распоредете половина од филот со жолчки. Ставете го второто тесто и повторета ја постапката со филовите. Завршувате со третото тесто одозгора. Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер да се стегне па украсете ја по желба. Кај мене со шлаг пена во која ставив малку црвена боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани