По повод мојот роденден, а воедно и раѓањето на мојот внук, како стрина е направив оваа торта. Па еве да ве почастам и за двата поводи.

Подготовка на 1 и 3 кора
Белките се матат со шеќерот додека се зацврстат како снег. Потоа се додаваат оревите и лешниците, брашното и пецивото. Се мешаат со лажица да се изедначат и смесата се става во подмачкано со путер и набрашнето плехче ( 25 х 30). Се рамни и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин.
На ист начин се подготвува и другата кора од белки.
Подготовка на 2 кора
Јајцата се матат со шеќерот и ванилата додека постанат светли и кремасти. Потоа се додава маслото малку се изматува и на крај брашното, какаото и пецивото. Се мешаат со лажица да се изедначат и смесата се става во подмачкано со путер и набрашнето плхче (25х30). Се пече во зегреана рерна на 180 степени околу 10-15 мин.
Подготовка на филот
Пудингот се раствора со малку млеко и 3-4 лажици шеќер а останатиот дел од млекото и шеќерот се ставаат да зовријат. Потоа се додава пудингот и се вари со постојано мешање додека се згусти. Се трга од огнот и покриен се остава да олади.
Жолчките малку се бијат со миксер и се ставаат на пареа да се згустат со повремено мешање. При крај се додава чоколадата искршена на коцки и се меша додека се стопи. Се трга на страна и се остава да олади.
Путерот се мати и се додава лажица по лажица од оладениот пудинг. Потоа се додаваат жолчките со чоколадата и румот. Се матат убаво да се изедначат.

Со готовиот фил се филоваат сите три кори а одозгора целата торта се премачкува со изматена слатка павлака и се украсува со шеќерни трошки или по желба.
Тортата се остава неколку сати во фрижидер да се стегне и да се спојат вкусовите, потоа се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани