За приготвување на ова вкусно мезе не ви е потребно многу време. Овие вкусни топчиња можете да ги послужите со вашиот омилен сос и да бидат дел од вашата даска со поховани јадења по ваш избор и да уживате во нивниот феноменален вкус.
Подготовка -
1. Во длабок сад ги рендаме сирењето и кашкавалот.
2. Го додаваме јајцето, мешаме да се соединат убаво состојките.
3. Го додаваме и брашното измешано со пецивото.
4. Оваа смеса ја покриваме со стреч фолија и ја оставаме во фрижидер 1 час.
5. Потоа правиме топчиња со големина колку орев и ги увалуваме во лебни трошки.
6. Ги пржиме во загреано масло до заруменување и ги вадиме во чинија врз салфета.

Забелешка - од оваа доза ќе добиете 20 топчиња, ако сакате повеќе дуплирајте ги состојките.
Ова е основниот рецепт, превкусни се, ги имам правено и со додавање на мало парче кашкавал во средината на секое топче (не е задолжително)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови