Оризот убаво измијте го и ставете го да се вари.
Сварениот ориз оставете го да истине.
Во изладениот ориз додајте оригано, 1 јајце, посолете, додајте црн пипер, сув зеленчук, малку магдонос. Со навлажнети раце направете топчиња.
Моцарелата исечете ја на коцки.
Во топчињата ставете по едно парче моцарела.
Секое топче валкајте го во брашно, јајце и презла со сусам.
Топчињата пржете ги во загреано масло. Послужете со кечап
Многу се убави. Пробајте.
Добар апетит!