Еве еден рецепт за преубаво топено сирење со печени пиперки.

Подготовка:

1. Прво ги печеме пиперките, ги лупиме, ги сечеме во подмачкан со зејтин, земјен сад (30 на 20 сантиметри е големината на садот).
2. Потоа овчото сирење исечено на парчиња го редима врз пиперките. Поросуваме со буковец. Редиме половина од кашкавалот рендан.
3 .Фета сирењето исечено на коцки го ставаме врз кашкавалот. Врз него остатокот од кашкавал. Поросуваме со буковец и оригано.
4. Го сечеме на ситни коцки доматот и го ставаме најгоре. Врз него додаваме малку свеж магдонос. Ставаме малку маслинов зејтин врз доматите, ама сосема малку.
5. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, за да се стопи сирењето и да порумени.
Се служи топло и го снемува за час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови