
16
фев
2020
Тирамису (без печење)
Едноставен, брз, а вкусен колач.
Прво го приготвуваме филот. Ја матиме слатката павлака и додаваме постепено од шеќерот во прав. Кога е матено ја додаваме и киселата павлака. Раствараме 1 лажица вода и 1 лажица инстант кафе и тоа го додаваме во филот. Матиме се заедно.
Во 200 милитри млеко раставраме 1 лажица инстант кафе. Бисквитите ги макаме во млекото и ги редиме на правоаголна чинија. Од сите бисквити да ви излезат три реда. После секој ред додаваме 1/3 од филот. Го оставаме колачот да одстои во фрижидер неколку часа.
Пред служење поросуваме со чоколада во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови