Подготовка

1. Кафето го потопуваме во жешката вода, мешаме убаво и го тргаме на страна да се олади.
Мелената плазма ја мешаме со стопениот путер и добиената смеса ја натапкуваме во калап за чизкејк (18цм). Го ставаме калапот во фрижидер.
2. Ги мешаме убаво крем сирењето и маскарпонето. Го додаваме шеќерот во прав.
3. Во посебен сад ја матиме слатката павлака. Ја додаваме изматената слатка павлака во филот со крем сирење и маскарпоне. Мешаме да се соедини смесата. Желатинот го растопуваме и додаваме во него 2 лажици од смесата со крем сирење. Мешаме убаво, па го додаваме вака припремениот желатин во филот.
4. Еден дел од добиениот фил додаваме во калапот врз спремната основа. Израмнуваме убаво. Пишкотите ги потопуваме кратко во кафе и ги редиме врз филот. Врз пишкотите ставаме уште еден дел од филот и израмнуваме. Остатокот од филот го ставаме во шприц или кеса за декорирање. Го декорираме чизкејкот со остатокот од филот по желба и го оставаме во фрижидер преку ноќ.
Откако ќе отстои во фрижидер, го наросуваме со какао и го вадиме од калапот.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови