Тиквички полнети со зеленчук и кус кус
Тиквичките издлабете ги без да ги лупите. Ставете ги во тава со малку вода да се потпечат околу 20 минути во рерна. За тоа време пропржете го исецканиот на коцки кромид. Додадете го модриот патлиџан исечен на коцки, исецканите пиперки, остатокот од внатрешноста на тиквичките, исецканиот на коцки домат и исецканото лукче. Динстајте го додека не омекне малку.
Посолете го, додадете зачин, бибер и босилек. На крај стевете го и кус кусот и промешајте. Со оваа мешавина наполнете ги претходно потпечените тиквички, додадете малку вода и масло и покријте ги со алуминиумска фолија. Печете ги уште 30 минути. На крај откријте ги од фолијата на секоја тиквичка ставете по едно парче кашкавал и оставете ги уште 5 минути за да се растопи кашкавалот. Послужете ги по желба. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови