Тиква коцки колач
Подготовка:
1. Калапите ставете ги во сад, каде ќе ги редите колачите. Прво ја спремам подлогата за колачот. Ги оставам урмите, исчистени од семки, половина час, во длабок сад со жешка вода. Потоа ги ставам во сецко или блендер и ги мелам заедно со овесните снегулки, какаото и брашното од бадем.
2. Потоа смесата ја распоредувам во сите калапи, па натапкувам, да има рамномерно и исто во сите. Ги ставам во фрижидер малку да се стврднат. Го спремам филот за тоа време.
3. Тиквата ставете ја да се пече. Кога е печена испасирајте ја пулпата . Додадете мед и ванила и мешајте убаво да се соедини. Кокосовото масло растопете го и додадете го . Јас користев готово пудингче и тоа го додадов. Промешав.
4. Готовиов фил го распоредуваме насекаде во сите калапчиња. Веднаш наросуваме од крупно сецканите бадеми и враќаме во фрижидер. Пред служење декорирајте со перуанска јагода, на која листот ќе и го завикате на горе.
Нека ви е слатко и уживајте во прекрасниот здрав и кремст колач.
*Забелешка - Пожелно е рецептов да се подготви од вечер, за да може да отстои една ноќ, да се стегне фило
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
аххх колку ми е лична тааа Перуанската јагодка
Кога би го направила,сечи помали парчиња,помали коцки или можеш како чискејк да го растегнеш.