Еве едно брзо и посно ручече за денес.
1. Кромидот се сецка ситно и се става во тавче со малку сол и бибер да се продинста. Од солта ќе пушти малку течност, па мешајте убаво се додека не испари. По потреба може да додадете уште малку вода.
2. Шампињоните се сечат на половина, а потоа на листови и се додаваат во тавчето. Доколку воопшто нема течност додадете 2-3 лажици вода и промешајте. Оставете малку да продинста и потоа додадете ги сенфот и зачините.
3. Во тенџере на оган ставете вода да зоврие, а потоа додадете ги јуфките. (Користам јуфки затоа што се спремаат многу брзо, а и поубаво го впиваат сосот, но може слободно да користите и друг вид тестенини).
Јуфките не треба да ги сварите до крај, потребни им се 4-5 минути, потоа ги процедувате и ги додавате во тавата со печурките.
4. Додавате вода по потреба (како за рижото), додека јуфките се сварат убаво (отприлика уште 3-4 мин.)
5. Во чаша со ладна вода ставате 1 полна лажичка густин, промешувате да се раствори и сипувате во тавата. Веднаш ќе се згусти. Доколку ви е многу густо може да додадете уште вода до саканата густина.

Наведените количини се доволни за 2 лица, доколку приготвувате за повеќе ќе ги зголемите. Доколку се пости со масло си се приготвува на стандардниот начин со запржување на кромидот и печурките.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани