Тестенини со свежи шампињони и печеница
Во поголема количина посолена и зовриена вода сварете ги тестенините за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
Печеницата или сувомеснатото што ќе го изберете исечете го на лентички и малку пропржете го со малку масло. Оставете го на страна.
Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња.
Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го со малку масло. Додајте ги печурките, зачинете ги по вкус и оставете ги да се динстаат додека течноста што ја пуштаат целосно испари. Додајте го и магдоносот, измешајте ги и оставете ги да подоладат.
Кашкавалот ситно изрендајте го.
Тавчето за печење намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Јајцата изматете ги со вилушка па додајте ја киселата павлака и повторно изматете ги заедно да се изедначат.
Во погодна тава измешајте ги тестенините, печурките, печеницата кашкавалот.
Ставете ги во тавата за печење и порамнете ги. Одозгора со лажица рамномерно распоредете го преливот. На неколку места ставете ги шери доматите исечени на кругчиња.
Ставете ги да се запечат околу 20-25 минути.
Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани