Испечати

Тестенини со свежи шампињони и печеница

Тестенини со свежи шампињони и печеница

Состојки

  • 300 гр тестенини
  • 500 гр свежи шампињони
  • 120 гр печеница или сланина, свински врат или шунка
  • 1 мала главица кромид
  • 1-2 лажици магдонос
  • 100 гр кашкавал
  • по потреба сол,бибер и масло
  • Прелив
  • 3 средни јајца
  • 250 гр кисела павлака
  • по потреба путер и брашно за мачкање на тавата за печење
  • 3-4 шери домати за декорација

Подготовка

Во поголема количина посолена и зовриена вода сварете ги тестенините за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.

Печеницата или сувомеснатото што ќе го изберете исечете го на лентички и малку пропржете го со малку масло. Оставете го на страна.

Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња.
Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го со малку масло. Додајте ги печурките, зачинете ги по вкус и оставете ги да се динстаат додека течноста што ја пуштаат целосно испари. Додајте го и магдоносот, измешајте ги и оставете ги да подоладат.
Кашкавалот ситно изрендајте го.
Тавчето за печење намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Јајцата изматете ги со вилушка па додајте ја киселата павлака и повторно изматете ги заедно да се изедначат.

Во погодна тава измешајте ги тестенините, печурките, печеницата кашкавалот.
Ставете ги во тавата за печење и порамнете ги. Одозгора со лажица рамномерно распоредете го преливот. На неколку места ставете ги шери доматите исечени на кругчиња.
Ставете ги да се запечат околу 20-25 минути.
Послужете ги топли.