Тестенини со печурки (посно)
Ова беше тест рецепт, ама излезе многу вкусен и многу брз за подготовка.
1. Бујон... Во помало тенџере налијте 1л. вода и сварете две коцки зеленчукова посна супа или користете домашна бистра супа по Ваш вкус.
2. На страна, насечете го кромидот на тенки лентички и запржете на маслиново масло, колку да омекни, па додадете 2-3 полни лажици брашно... Мешајте брашното добро да се запржи и полека додавајте од бујонот. За да нема грутки мешајте со жица за матење.
3. Печурките исечете ги на помали парчиња и додадете ги во кашата, мешајте и оставете да „крчка“ на тивок оган околу 5-6 минути.
4. Додадете сол, бибер, ситно насечкан лук и нарендајте ја лимоновата кора... и готово сосот е подготвен.
5. Во тенџере со врела посолена вода сварете ги тестенините, јас користев интегрални и една минута пред крајот на варењето додадете ги кон сосот, измешајте добро за да примат од сосот. За побогат вкус можете да додадете и пола шоља од водата во која се вареа тестенините.
6. Добро размешајте да се впие сосот во тестенините, додадете магданос пред крајот и сервирајте ги топли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови