Во зовриена и посолена вода ставете ги шпагетите или лингвините да се варат за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
Младиот кромид исецкајте го и во тава со маслиновото масло пропржете го колку да замириса.
Додајте ги ракчината и никулците исцедени од водата. Измешајте и додајте пола филџанче вода. Оставете ги да варат неколку минути додека испари водата.
Откако испарила водата додајте ги тестенините и соја сосот и измешајте ги.
Послужете ги топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани