Тестенини со ракчиња и никулци од соја
Состојки
- 320 гр шпагети или лингвини
- 300 гр чистени ракчиња(одмрзнати)
- 1 тегличка од 340 гр никулци од соја
- 3 парчина млад кромид
- 3 лажици соја сос
- 4-5 лажици маслиново масло
Подготовка
Во зовриена и посолена вода ставете ги шпагетите или лингвините да се варат за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
Младиот кромид исецкајте го и во тава со маслиновото масло пропржете го колку да замириса.
Додајте ги ракчината и никулците исцедени од водата. Измешајте и додајте пола филџанче вода. Оставете ги да варат неколку минути додека испари водата.
Откако испарила водата додајте ги тестенините и соја сосот и измешајте ги.
Послужете ги топли.