Тарт со млечна крема и моркови
Од состојките за тесто замесете тесто и оставете да отстои 20-тина минути.
Во меѓувреме подгответе ја кремата.
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното и мешајте додека брашното малку се запржи.
Потоа додајте го топлото млеко и мешајте додека се згусти.
Посолете, наросете малку црн бибер и морско оревче.
Додајте го ренданиот кашкавал и покрупно изблендираните варени моркови.
Измешајте убаво.
Тестото расукајте го и ставете го во тава за тарт.
Избоцкајте го со вилушка и истурете ја кремата.
Посипете со ленено семе и печете 10-15 минути на 200 степени, а потоа намалете на 180 и печете уште 15-тина минути.
Испечениот тарт оставете да се подолади и послужете со сувомеснато.
Лиценца: Сите права се задржани