Испечати

Тарт со млечна крема и моркови

Тарт со млечна крема и моркови

Состојки

  • Тесто
  • 300гр. брашно
  • 1 јајце
  • 50гр. растопен путер
  • 100мл. млеко
  • 1 лажичка пециво
  • малку сол
  • Крема
  • 350мл. млеко
  • 50гр. путер
  • 45гр. брашно
  • 50гр. ситно рендан кашкавал
  • 2 варени моркова
  • прстофат морско оревче
  • малку сол, црн бибер
  • За посипување ленено семе

Подготовка

Од состојките за тесто замесете тесто и оставете да отстои 20-тина минути.

Во меѓувреме подгответе ја кремата.
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното и мешајте додека брашното малку се запржи.
Потоа додајте го топлото млеко и мешајте додека се згусти.
Посолете, наросете малку црн бибер и морско оревче.
Додајте го ренданиот кашкавал и покрупно изблендираните варени моркови.
Измешајте убаво.

Тестото расукајте го и ставете го во тава за тарт.
Избоцкајте го со вилушка и истурете ја кремата.
Посипете со ленено семе и печете 10-15 минути на 200 степени, а потоа намалете на 180 и печете уште 15-тина минути.

Испечениот тарт оставете да се подолади и послужете со сувомеснато.