22
јун
2015
Галатопита (грчка млечна пита)
Грчка млечна пита, многу лесна и за јадење и за правење пред се многу вкусна и сочна.
Се ставаат млекото, гризот, шеќерот, ванилата, путерот и циметот на оган. Се вари додека не се згусни. Се остава да се подизлади, а настрана се матат 3 јајца со маталка и постепено му се додаваат на кремот. Се мати повторно додека се изедначи смесата. Се печи во намрсен со путер тркалезен калап бр 24 , во загреана рерна на 165-170 степени 45 минути додека не добие убава златна боја, потоа се исклучува рерната и се остава питата уште 15мин. За време на печењето не се отвара рерната. Се остава потполно да се излади и се служи со наросен шеќер во прав и цимет.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови