8
фев
2022
Тарали со брашно од наут (посно)
Убави грицки кои најчесто се прават со пченично брашно и бело вино. Јас го изоставив виното и ги направив со брашно од наут. Вака содржат сосема малку глутен од малата количина пченично брашно што го додадов.
Поготовка:
1. Во сад за месење измешајте ги водата, маслото и солта. Додајте ги двата вида брашно и семките од анасон. Замесете тесто.
2. Oд тестото и формирајте најпрвин стапчиња со дебелина и големина по желба. Потоа виткајќи навнатре соединете ги краевите. Наредете ги во плех со хартија за печење.
3. Печете на 200 степени, 25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани