Во тенџере се ставаат 6 лажици од килото шеќер, се става на оган да се карамелизира. Потоа се додава водата (внимателно да не испрска) и останатиот шеќер. Убаво се меша додека не се стопат шеќерот и карамелот, се остава да зоврие повремено мешајќи. Откако ќе зоврие да вари 3-4 минути.
Се трга од оганот и се додава брашното, се меша убаво да се изедначи смесата. Потоа се додаваат сецканите ореви или суво грозје.
Смесата се истура во калап (30х11) обложен со алуминиумска фолија намачкана со малку масло.
Оставете ја да се олади и да се стврдне неколку саати. Потоа се сече на правоаголници или коцки и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови