Прекрасен десерт кој ќе ве воодушеви со едноставноста, вкусот и изгледот. Прво бев скептик како ќе испадни и едвај чекав да се излади за да си сечам парче. Овој колач можи да биди и супер здрав зашто основните состојки се здрави, само заменете го шеќерот со стевиа или мед, а овошјето можи да биди свежо или замрзнато и да користите праски, сливи, јаболка итн. Јас имав тегла домашен компот со вишни и неа ја употребив.

Подготовка
Прво се подготвува филот. Се ставаат да се варат вишните со течноста, одземете малце течност за да го растворите пудингот настрана. Нека повари 10 тина минути заедно со шеќерот, а вишните истропчкајте ги со тропчкалка во текот на варењето. На крај додадете го растворениот пудинг или густин и оставете да се згусни со постојано мешање. Тргнете го тенџерето на страна.

Подгответе ја основата, сомелете ги на крупно овесните снегулки, но немојте да ги направите како брашно. Јас користев мешани житни снегулки, такви имав. Прелејте ги со топлата вода и цедениот сок и измешајте.
Потоа додадете мелени ореви, шеќер, пециво, цимет и кардамон и измешајте убаво. Можете и да додадете малку мешавина од зачини за медењаци, јас додадов прстофат, дава посебен шмек.

Вака добиената смеса ставете ја во тавче големина пречник околу 25 цм, значи да не е преголемо, обложено со хартија за печење. Израмнете ја убаво смесата и потоа додадете го овошјето и убаво распоредете го. Ставете го тавчето да се печи на 180 степени околу половина час. После печењето, можете да поросите одозгора кршени потпечени лешници или ореви или на крупно сомелени житни снегулки. Оставете убаво да се олади пред дегустација и пред сечење.