Еве еден рецепт за палачинки (блинчики), руски традиционални палачинки во посна варијанта, но со наши димензии. Вкусни, неутрални по вкус па може да се јадат со нешто слатко како појадок или десерт, со нешто солено како предјадење или главно јадење, или едноставно како прилог наместо леб. Јас за фил одбрав овошен, т.е. од моето „Црвено смуди“ што ми дојде како идеја.

Палачинки:
1. Се меша 1 чаша хељдино брашно со 1 чаша пченично (2-рата со пченично се остава за после).

2. Во млаката вода се раствора квасецот, шеќерот, солта и двете чаши измешано брашно. Се меша добро да нема грутчиња и се остава малку да нарасне.

3. Кога малку ќе нарасне, се додава 2-рата чаша пченично брашно, се меша добро и се остава пак околу 15 минути на топло да нарасне. Кога тестото по втор пат е нараснато веќе има меурчиња, добро се меша и се печат палачинките.
Се добиваат околу 12-13 палачинки кои се меки, со дупчиња и никако не треба да бидат танки.
Традиционално блинчиките се со мали димензии, но јас ги направив по наши стандарди.

Фил:
1. Се блендираат овошјата (црвените ги одмрзнав малку), се додаваат бисквитите и тие да се изблендираат за да се добие погуст фил. Со него ги премачкав изладените палачинки. Ги снема за миг.
Сепак изборот е ваш како ќе си ги подготвите палачинките по вкус.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани